Собранието ја избра Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Собранието на Република Македонија на денешнoто продолжение на конститутивната седница со 62 гласа „за“, без воздржани и против, ги избра претседателот, заменик претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
За претседател на комисијата е избран Илија Димовски, за негов заменик Зоран Илиоски, а за членови Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стевананџија, Благица Ласовска, Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зеќири, Ивана Туфегџиќ, Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими.
На гласањето по оваа точка не присуствуваа пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
По завршувањето на конститутивната седница Собранието треба да ја почна третата седница за избор на работни тела, по чие завршување треба да ја продолжи втората седница на која на дневен ред е избор на нова влада.
Предлог одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, е поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски.
Седницата за избор на нова влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.
Во новата влада, според предлогот-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава