Собранието ја донесе Одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието
Собранието на Република Македонија пред полноќ, во рамки на 95-тата седница, со 83 гласа „за“ и три „против“, ја донесе Одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.
Одлуката е предложена од пратениците од ДУИ и ДПА, а потпишана и од пратеничката Лилјана Поповска.
Со одлуката се предвидува менување на членот 2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година.
Доколку се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни.
На почетокот на седницата, претседателот на Парламентот Трајко Вељановски информира дека вечерва министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле условените оставки што денеска ги поднесоа до Владата.
На дневен ред на оваа седница, која, како што најави Вељаноски, ќе продолжи за 40-ина минути, е и Предлог законот за измена на Изборниот законик, по итна постапка, поднесен од пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, едногласно поддржан со 80 гласа „за“.
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан