Македонија
9. April 2026 - 11:46

Собранието изгласа, возачите со „Б“ категорија ќе возат и мотоцикли до 125 кубика

Собранието на Република Македонија на вчерашната седница по скратена постапка го усвои Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Со измените се овозможува лицата со возачка дозвола од Б категорија да управуваат мотоцикли со зафатнина до 125 см³, под услов:

- најмалку 5 години поседување Б категорија
- возачот да има наполнети 23 години
- дополнителна обука (4 часови теоретска обука во авто школа)

Законот ќе стапи на сила откако Министерството за внатрешни работи ќе ги пропише деталите за обуката и начинот на издавање потврди.