Собранието има кворум, опозицијата нема да учествува на седницата за одземање на имунитетот на пратениците
Собранието на Република Македонија го почна денешното заседани со 24. седница на која беше донесена одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Претседателот на Собранието Талат Цафери веднаш по гласањето објави пауза по кој атреба да почне 25. седница за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради притвор за насилните настани на 27 април во Парламентот.
Џафери на почетокот констатираше дека се присутни 67 пратеници и оти може полноважно да се одлучува.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да учествува на седницата, нарекувајќи ја „политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.
- Желбата на СДСМ е да имаат апсолутна и неконтролирана власт во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумије и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
За симнување на имунитетот на шестемина пратеници потребно е просто мнозинство односно 61 глас.
Со тоа ќе заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет на Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.
Извесно е дека Собранието ќе им го симне имунитетот на пратениците, но и покрај тоа тие, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако пратеникот е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.
Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови и друго | ФОТО
-

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО
-

На Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме, постапка против Општина Струга
-

Кривична за лице-државен просветен инспектор, психички малтретирал наставничка за да напише изјава каква што тој сакал
-

Двајца ресенчани нападнале полицајци со тврди предмети
-

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во скопско
-

Возовите на релација Скопје - Велес - Скопје, Скопје - Битола и Жабени - Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност, од отписот на 2.000 тони жито
