Собранието го усвои Годишниот извештај на Антикорупциската комисија
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 107. седница, во отсуство на пратениците од опозицијата, го усвоија дневниот ред на седницата, на кој се измени и дополнувања на повеќе закони од разни области, во најголем дел во насока на усгласување со проектот „Македонија вработува 2“, сите по скратена постапка.
Пратениците го усвоија и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2015 година, што го образложи претседателот Игор Тантуровски.
Претходно, за потребата од измени во Законот за здравствено осигурување, во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и за дополнување на Законот за јавните набавки, говореа министрите за здравство Никола Тодоров и за труд и социјална политика Диме Спасов.
На седницата за потребните измените на Законот за полиција и за внатрешни работи, по скратена постапка, појасни министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тој наведе дека измената во Законот за полиција е во контекст на донесената стратегија за развој на Бирото за јавна безбедност. Во Закон за внатрешни работи врз основа на направена компаративна анализа, потребно е, рече, да се интервенира во делот на овластувањата на министерот во однос на систематизацијата на работните места.
Седницата ќе продолжи по редовната пауза.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството