Собранието го донесе Финансискиот план на МРТ за 2016 година
Собранието на Република Македонија попладнево со 49 гласа „за“ и 14 против ја донесе Одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.
Пратениците од опозицијата гласаа против Финансискиот план, бидејќи, според нив, јавниот радиодифузен сервис е претворен во партиски сервис.
Пратеникот Крсто Муковски од ВМРО- ДПМНЕ реплицирајќи рече дека пратениците од СДСМ се обидуваат да манипулираат со јавноста, односно со граѓаните. Тој додаде дека во извештајот на ЕБУ стои дека МРТ има избалансиран однос меѓу позицијата и опозицијата.
Во моментов МРТ, рече Мукоски, има најниски долгови, најрентабилно работи и тоа со најмал број вработени.
Претседателката на Програмскиот совет на МРТ, Снежана Клинчаровска нагласи дека македонските граѓани јавно може да имаат увид во програмата и финансискиот план за 2016 година.
Таа додаде дека МРТ како активна членка на ЕБУ има еден од најмалите буџети, но и покрај тоа успева да ги реализира сите превземени обврски.
Нашиот буџет, рече Клиначрова е помал за три до 10 пати од оние на од буџетите на радиотелевизиските сервиси на соседните земји.
Со гласањето на Одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година заврши работата по 91. седница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница