Собрани над 4 тони опасен отпад во општина Аеродром
Околу 4 тони опасен отпад е собран во еко-акцијата што летово ја организираа општина Аеродром и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“. Граѓаните имаа можат бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата.
Граѓаните, како што соопшти општина Аеродром, ги пријавуваа старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат на телефонскиот број во најблиската урбана заедница (http://aerodrom.gov.mk/page/
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи. Под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори