-->
-->
Собрани 50 крвни единици на вонредна крводарителска акција во Куманово
-->
На втората вонредна крводарителска акција што се одржа денеска во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина беа собрани 50 крвни единици.
Граѓаните на Куманово,посочија од Црвениот Крст, уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
- Задоволни сме од од бројот на собраните крвни единици која соодвествува со очекувањата. И на претходната вонредна крводарителска акција беа собрани околу 50-тина крвни единици, изјави Бојан Пeтрушевски, од Црвен Крст Куманово.
Општинската организација на Црвениот крст организира две вонредни летни крводарителски акции во јули и август. Во септември,најавија надлежните, започнува редовната годишна програма со која се предвидени акции во организација на компании од Куманово и здруженија на граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци