Соботка: Решението на бегалската криза треба да биде европско

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека бегалците не се организирана војска и затоа смета дека актуелниот миграциски бран може да се спречи само со европска соработка, а не со одделни акции, јави дописникот на МИА од Прага.
Говорејќи пред пратениците во чешкото Собрание, Соботка се спротивстави на предлозите кои можат да се слушнат во земјата за оградување на границите на Чешка или нејзино излегување од Европската Унија.
- Според мое мислење, Европа мора да им помогне на луѓето кои бегаат од војната и од репресијата, но тоа не може да го направи по цена на сопственото загрозување, истакна Соботка.
Тој смета дека политиката за миграција мора да има правила и лимити и уште еднаш повика на засилување на надворешните граници на Шенген зоната и воспоставување на прифатни центри.
Соботка поддржува воспоставување на „политика за враќање“ на бегалците и соработка со соседните земји, особено со Турција.
За него решение не се квотите за прераспределба на мигранти во земјите на Унијата.
Ново на Сител
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
