-->
-->
Соборското оро „Копачка“ во Србија и Словенија
-->
ФГ „Копачка“ од Драмче, Делчево, како носител на светското културно добро со соборското оро „Копачката“ - впишано во УНЕСКО, ја претставува Македонија на Деновите на македонска култура во Белград и во Крањ, во организација на МАКЕДОНИУМ - Здружение на Македонците во Србија и Крањ, чијшто домаќин е Македонското културно друштво „Кирил и Методиј“.
Како што истакна Перса Стојановска, секретар на ФГ „Копачка“ за турнејата во Србија и Словенија, која ќе трае од денеска до 30 мај, играорците се подготвувале подолго време со цел да го претстават светското културно наследство и фолклорот од Македонија во најдобро светло.
- Освен што нашите иселеници и другите љубители на изворниот фолкор, во живо ќе ја доживеат изведбата на бисерот „Копачка“ и на друг пијанечки фолкор, ќе имаат можност да уживаат во промоцијата на филмот од номинацијата во УНЕСКО, како и со презентацијата на процесот на впишување на „Копачката“ во УНЕСКО“ подготвен од моја страна, рече Стојановска.
Таа истакна дека групата ќе има свои претставања во повеќе градови, а со првиот настап започнуваат вечерва во Белград.
- Во Крањ настапуваме на затворањето на Деновите на македонската култура на 28 мај, додека вечерва од 20:30 часот во Народно позориште, сцена Раша Плаовиќ, Белград, учествуваме на „Допир Македонија“ - Денови на македонска култура во Белград, со промоција на „Копачката“. Свои претставувања групата предвидува и во градовите Копер и МКД „Кочо Рацин“ и Јагодина и КУД Јовача Мициќ, со што ќе го разлееме орото, на повеќе места, кое ги мами присутните да допрат до дамарите на неговиот жив опстој низ вековите. Искажуваме благодарност до Министерството за култура на РМ, што ни ја укажа довербата за претставување на државата во странство и што финансиски го поддржа овој наш проект, кој водено претставува придонес за одржливоста на нашето пијанечко, македонско и сега светско културно наследство - „Копачката“, истакна Стојановска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила