Балкан
7. October 2016 - 9:15

Соборен турски Ф-16 од страна на припадници на ПКК, тврди прокурдски медиум

Припадници на забранетата во Турција, Курдска работничка партија (ПКК) соборија синоќа турски воен авион Ф-16 додека извршувал напади врз бази на групата во северен Ирак. Тоа го тврди агенцијата Фирет, блиска до ПКК.

Според агенцијата, авионот бил соборен во реонот на Кандил. Нема информации за пилотот. Од турска страна засега нема коментари, јави БТА.