Со збогатена културна понуда ќе се привлекуваат повеќе гости во Охрид
Локалниот економски совет на Општина Охрид денеска ја одржа осмата работна седница, посветена на можностите за унапредување на туристичката понуда на градот со цел привлекување што поголем број гости, и во таа насока организирањето музички настан „Ohrid calling“ со настап на светски познати музички имиња.
Градоначалникот Никола Бакрачески потсети дека туристичката сезона веќе не е ограничена само на 40 дена во јули и август, туку неколку години наназад значителен број странски туристи се тука веќе од крајот на април се до средината на октомври. Според податоците на Секторот за локален економски развој, во првиот квартал од тековната година бројот гостувања во Охрид е зголемен за 21 отсто споредено со истиот период лани што, според Бакрачески, е исклучително задоволувачки имајќи ги предвид мигрантската криза и актуелната политилка ситуација во земјата.
- Оваа година покренуваме иницијатива за настап на светски познати музички имиња во градот, што е особено важно за збогатување на понудата во летната сезона, а истовремено се очекува да придонесе за дополниелна промоција на Охрид како туристички центар, рече Бакрачески.
Предвидено е во соработка со продукциската куќа „Авалон“ и Министерството за култура под логото „Ohrid calling“ викендот од 12 до 15 август во Охрид да настапат „Продиџи“, познатиот гитарист Ал ди Меола, како и познатите ди-џеи Lost Frequencies и Nicky Romero.
Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, изрази увереност дека воспоставувањето нови четови кон Охрид, од Белград, организираното доаѓање на првите гости од Израел, потоа летовите на „Томас Кук“ ќе резултира со повеќе гости на Охридско-струшката ривиера споредено со минатата година.
Исторемено е најавено дека ќе продолжи интензивната презентација на охридската туристичка понуда на нови потенцијални пазари како Кина, Русија, Казахстан, Норвешка.
- Со поддршка на Агенцијата и приватниот сектор планираме една пообемна кампања за претставување на нашата понуда пред британскиот туристички пазар, што ќе ја реализира познатиот магазин за патувања „Travel weekly“, рече Крстевска.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО