Со твининг проект до поквалитетен инспекциски надзор во животната средина
Проектот е започнат од 1 јануари 2015 година и е финансиран со средства од Европската унија преку ИПА 1. Вкупниот буџет беше еден милион евра од кои пет проценти беа средства од националниот Буџет.
Државниот инспектор за животна средина Дарко Блинков денеска на прес-конференција посочи дека една од придобивките е тоа што сега инспекторите имаат софтверска алатка што ја користат нивните колеги од Европа, односно проценка на ризик или поточно да не се влегува повеќепати во една година во индустријата.
- Според она кои стандарди тие ги исполниле од еден до друг надзор, се прави проценка на ризик и се утврдува планот колку дена и колку пати ќе биде спроведен инспекцискиот надзор. Ова е една од бенефитите за индустријата, односно таа да не биде фреквентно посетувана од наша страна, рече Блинков на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија.
Според Цезар Сеоанез, експерт од Европската унија за животна средина, направен е голем напредок од страна на Државниот инспекторат за животна средина во прифаќањето на европските стандарди за работа.
- Во проектот учествуваат институции од Шпанија, Холандија и од Македонија. Државниот инспекторат за животна средина од Македонија направи голем напредок и сметам дека е потребно да се работи и понатаму со цел инспекциските практики да се доближат до оние кои се користат во Европската унија, рече Сеоанез.
Во текот на спроведување на проектот реализирани се осум пилот инспекции во поголеми индустриски капацитети, а изработена е и веб страницата www.sei.gov.mk на која во иднина ќе може да се добијат повеќе информации за Државниот инспекторат за животна средина.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар