Со сведоци на Обвинителството треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница
Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе. На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите.
Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.
На социјалните мрежи повторно граѓаните се организираат и повикуваат на мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски. На 27 декември дел од граѓаните во изјави за медиумите порачаа дека за пожарот не постои лекарска вина и нема логика доктор да одговара за пожар.
Ново на Сител
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
-

ФЗОМ одбележува 25 години постоење
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ дека Заев се уште ги држи конците во СДС е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче
-

18 нови вработувања во штипска Клиничка болница
-

Започнува единаесеттото издание на „Самун ем татлија“ во Радовиш
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
