Со сослушување сведоци, продолжува судењето за „Титаник“
На судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ денеска во Кривичниот суд треба да бидат сослушани четири сведоци, предложени од Обвинтелството.
Денешното рочиште почна со мало задоцнување, заради увид во списите на предметот од страна на обвинетите.
Обвинетите во овој предмет се поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка