Со швајцарски искуства ќе се подобрува туризмот во Македонија
Искористување на туристичкиот потенцијал на Македонија преку примена на швајцарска експертиза во областа на туризмот, најави министерот за економија Дритон Кучи, по потпишувањето на меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, со директорката на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост, Розанди Лоу, со кој во наредните три години ќе се уредува заедничката соработка во областа туризам и угостителство.
Министерот Кучи и директорката Лоу, истакнаа дека идните активности кои се предвидени со овој меморандум вклучуваат воспоставување соработка со реномирани образовни институции од Швајцарија преку кои ќе се обезбеди поддршка во развојот на вештини кај работниците во областа на туризмот и угостителството преку заедничко изготвување на одржливи решенија за зајакнување на капацитетите на чинителите во туризмот.
- Очекуваните резултати од соработката со ИМЕ програмата на Швајцарската амбасада, се преку искористување на искуствата на Швајцарија да се поттикне развојот на туризмот и да се подобрат стандардите на работа во оваа област во Македонија, изјави министерот Кучи.
Швајцарија, посочи, е една од земјите со најразвиен и најдобро организиран туристички сектор.
- Се надеваме дека со поврзување на македонските чинители во областа на туризмот со реномирани швајцарски образовни институции и пренесување на швајцарските искуства во развој на туризмот ќе дадеме поттик туристичкиот потенцијал на Македонија во потполност да се исполни, потенцира Кучи.
Покрај во секторот туризам и угостителство ИМЕ програмата е активно вклучена и во развојот на секторите креативни индустрии и зелена економија. Главни цели на програмата се преку зајакнување на бизнис сектор да се создаде поволна клима за развој на трите сектори и да се овозможат услови за пристојни вработувања и зголемување на приходот на малите и средните претпријатија.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“