-->
-->
Со „шевролет каптива“ удрил велосипедист па избегал
-->
Вчера во 11.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ја поврзува ул.„11 Март“ со паркинг просторот кој води кон угостителски објект се случила сообраќајна незгода, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за патничко возило „шевролет каптива“, со скопски регистарски ознаки, кое удрило во велосипед, управуван К.Ј. од Скопје, по што го напуштило местото.
Во сообраќајната незгода 59-годишниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
