Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
Денеска во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“.
Како што соопшти МВР, околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба.
Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Основното јавно обвинителство соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево извршил увид на лице место во семејната куќа во селото Србјани, прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Лицето е задржано и текот на денот ќе следи постапка.
Ново на Сител
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија