-->
-->
Со пречек на коњаницата и општонародна вселба заврши 7. „Крушево етноград“
-->
Во Крушево пристигна коњаницата од цела Македонија. Со аплаузи беа наградени членовите на „Илинденскиот марш“ за нивното повеќедневно патување до Крушево за да им оддадат чест на илинденците.
Во име на крушевчани, пред Столбот на Крушевската Република, коњаницата беше поздравена и пречекана од градоначалникот на Крушево Ѓорчи Дамчески, соопштија организаторите на „Крушево етноград“.
По пречекот на коњаницата во Крушево синоќа на Градскиот плоштад 50-ина гости од светот заиграа и запеаа македонски ора и песни. Вечерта заврши со општонародна веселба и големо заедничко македонско оро на плоштадот, со што свечено беше означен крајот на седмата манифестација „Крушево етноград“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Авантура со Defender, дестинација Козјак
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на „Скопскиот маратон 2025“
-
Протести во Мароко: Младинскиот колектив „ГенЗ 212“ бара оставка од владата
-
МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Израел тврди дека убил тројца припадници на Хезболах во јужен Либан
-
ЕУ го поддржува Планот на Трамп за Газа, но бара почитување на меѓународното право
-
Петти ден кампања за локалните избори