Со положување цвеќе на владина делегација во Скопје започнува чествувањето на државниот празник Илинден
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, денеска во Скопје, со положување свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, на градските гробишта „Бутел“, го отпочна чествувањето по повод големиот национален празник, 2 Август, Денот на Републиката и Илинден.
Владината делегација беше предводена од заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.
Дополнително, владина делегација составена од Христина Оџаклиеска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Башким Хасани, заменик-министер за одбрана и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, положија венци цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.
Владината делегација присуствуваше и на државната програма во Скопје, по повод одбележувањето на големиот национален празник Илинден во организација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој во таа чест имаше свечено обраќање во вилата Водно.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти
-
СДСМ бара оставка од министерката за образование поради недостатокот на учебници
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани
-
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?