Со петтиот пакет завршува финансиската поддршка за исплата на плати, се очекува раст и развој на економијата

Со петтиот пакет завршува финансиската поддршка за исплата на плати. Ова е последно помагање за исплата на плати бидејќи се очекува излез од кризата и раст и развој на економијата, најави денеска премиерот Зоран Заев.
На прес-конференцијата на која ги презентираше петтиот пакет антикризни мерки, Заев рече дека Владата останува будно да ги следи состојбите и доколку е потребно да им се најде на компаниите и работниците.
-Ова е последно помагање за исплата на плати и чесно е Владата да ја испрати пораката затоа што очекуваме излез од кризата, развој и раст. Ги следиме тредновите и она што се случува во светот, но државата е тука и ќе продолжи будно да следи и да им се најде на компаниите и на работниците и на сите граѓани кои се погодени, рече Заев.
Мерката за плати, како што појасни, се однесува на компаниите кои имаат пад на своето производство од 30 проценти во ноември, декември 2020 и јануари 2021.
-Компаниите кои покажуваат пад од 30 проценти на нивото работење во ноември и декември лани и јануари оваа година во споредба со ноември и декември 2019 година и јануари 2020 година, заслужуваат да бидат помогнати. Има и компании кои имаат профит и се во добар раст и развој, има и компании кои се на прагот на својата рентабилност. Сите се погодени и затоа континуирано сме помагале, продолжуваме да помагаме, истакна Заев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
