Со огномет и смог пречекана Новата година во Атина

Голем огномет го осветли Акропол и го означи доаѓањето на Новата година во Атина.
Традиционално, како и секоја година, организираната прослава се одржа во населбата Тисио, во центарот на градот.
Дочекот беше со музички хепенинг и поздравно обраќање на полноќ на атинскиот градоначалник Јоргос Каминис, јави дописникот на МИА од Атина.
Студеното време и одлуката на голем број граѓани во Грција, да го избегнат парното и домовите да ги затоплуваат со печки на дрва, камини и слично и овој пат беше главна причина, Атина, Новата година да ја дочека со смог и загаден воздух.
Иста беше ситуацијата и за Божиќните празници и покрај препораките од надлежните дека временските услови, во комбинација со зголеменото согорување на дрва и други материјали може да предизвика зголемено загадување на воздухот.
Сепак загадениот воздух, не ги спречи Грците, во голем број, новата 2018 да ја пречекаат во центарот на Атина, јави дописникот на МИА од Атина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
