Со неповратни грантови самовработени 7.800 лица

Проектот за самовработување постигна огромен успех и ќе продолжи засилено да се спроведува и понатаму. Досега преку него 7.800 лица добија неповратни грантови за самовработување, а годинава за таа намена ќе бидат инвестирани три милиони евра кои ќе овозможат самовработување на близу илјада лица, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Проектот за самовработување ќе продолжи и понатаму. Тој и досега даде одлични резултати. Досега околу 7.800 лица добија неповратни грантови за самовработување и во најголем дел ги искористија со успех, така што овој процес ќе продолжи. Годинава некаде во јануари се поделија нови 500 вакви грантови, а во наредниот период, некаде април - мај ќе има оглас за дополнителни над 420 грантови, така што без малку илјада грантови ќе се распределат оваа година. Тоа се илјада семејства, тоа се илјада вработувања, тоа се околу три милиони евра директно инвестирање во нови работни места, односно во создавање услови за самовработување, рече Груевски, кој присуствуваше на отворањето на изложба од вториот на Министерството за култура конкурс за откуп на уметнички дела.
Тој посочи дека ова е проект на Владата на ВМРО-ДПМНЕ кој претходно не постоел, а кој, како што рече, поради одличните резултати ќе продолжи засилено да се спроведува.
- Досега има огромен успех и понатаму засилено ќе продолжи со поддршка на луѓето коишто имаат идеи, коишто имаат проекти како да создадат мал бизнис и да се самовработат. Грантовите од три илјади односно од четири илјади евра за одредени категории ќе продолжат. Само оваа година ќе бидат инвестирани три милиони евра, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
