Со молотови коктели нападнат домот на пратеничка од СИРИЗА
Непознати лица со молотови коктели синоќа го нападнале домот на пратеничката од СИРИЗА ,Теодора Ѕакри, додека во него било нејзиното семејство во грчкиот град Јаница, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, Ѕакри вели дека станува збор за убиствен напад за кој одговорни се „политичките сили чија антипатија ја подели земјата и им даде право и комфор на секој фашист и убиец да излезе и да се чувствува силен“.
-Сакам до сите овие убијци да испратам порака дека решително ќе продолжам да се борам за моите идеи и верувања секогаш со националниот интерес како водечки критериум. Ги повикувам сите сили, на демократијата и напредокот да издигнат непропустлив ѕид против фашистичката закана и ги осудат и изолираат носителите на овие одбивни идеи и постапки, вели Ѕакри во изјавата за АНА-МПА.
За нападот, преку неговиот официјален Твитер профил реагираше грчкиот премиер кој напиша дека на почетокот беа заканувачките пораки до пратениците, потоа плакатите, па обидот за упад во Парламентот, „за да стигнеме до потпалување на домови на пратеници“.
-Оние кои што се прават дека не гледаат, не слушаат, не разбираат, носат голема одговорност, напиша Ципрас.
Нападот го осудија и од опозициската Нова демократија.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции