Македонија
14. February 2019 - 10:35

Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени - очевидец раскажува за морничавата трагедија на патот Скопје - Тетово

Голема Трагедија ја зави Макердонија во црно, денеска и утре Ден на жалост.
 
Твитерџија, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте, при што загинаа 14 лица, а неколкумина се уште се борат за живот.
 
„Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени од несреќата кај Карпалак. Во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек…“, пишува твитерџијата.