Loading Video...
Ракомет
21. October 2019 - 18:42
Со млади сили ракометната репрезентација патува на дуелите со Турција и Италија
Претстојнава седмица актуелна ќе биде ЕХФ неделата во кој ќе се играат пријателски репрезентативни натпревари.
Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево се собра во Скопје и веднаш заминува за Турција, каде претстојните два дена ќе одигра два контролни натпревари.
Селекторот Данило Брестовац за Ескишехир ќе замине со 17-мина, најголемиот дел млади ракометари, од кои очекува во дуелите со Турција и Италија да се наметнат и да потврдат дека заслужуваат да бидат дел од најсилниот состав,
Во отсуство на поискусните, Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талевски и Филип Кузмановски, и неколку други првотимци, кои на репрезентацијата ќе и се придружат во Скопје на двомечот против Грузија, во подмладената селекција најголемиот товар ќе падне на интернационалците Пешевски и Томовски
Првиот меч македонските ракометари ќе го играат утре (17:30 часот) со домаќинот Турција, додека в среда противник ќе биде Италија (од 16 часот).
Натпреварите против Грузија ќе се играат во петок (25.10 во 20 часот) и сабота (26.10 во 18 часот) во СЦ „Борис Трајковски“.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->