Со македонски пасош без виза во 108 земји - Еве кои се

Со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји, што ја рангира Македонија на 40. место во светот на годишната листа на „Пасспорт Индекс“.
Најценети патни исправи имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив се Шведска и Јужна Кореја (158 земји), треторангирани се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и САД (157), на четврто место се Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија (156), петти Малезија, Ирска и Канада (155), шести Грција, Нов Зеланд и Австралија (154), седми Малта и Исланд (153), осма е Унгарија (151), на девето место се Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Летонија (150), а десторангиран е пасошот на Естонија (149).
Од земјите во регионот, по Словенија, најдобро позиционирани се Бугарија и Хрватска на 14. место со чии пасоши може да се влезе во 144 земји, 37. е Србија (112 земји), 43. е Црна Гора (105), 47. е Босна и Херцеговина (101) и 48. Албанија (96).
На дното на листата на „Пасспорт Индекс“ на која се рангирани 199 земји во светот, се наоѓаат Авганистан, Пакистан и Ирак со чии патни исправи може да се патува без виза во само дваесеттина држави.
Ново на Сител
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
