Со кој факултет најлесно се станува милионер?

Списанието Форбс ги анализира профилите на 100-те најбогати луѓе на светот, посебно задржувајќи се на нивното образование.
Списанието открива кои факултети се најзастапени меѓу богаташите. Најдобар факултет со кој најлесно можете да се збогатите е машинскиот факултет, покажуваат анализите на Форбс.
Дипломците на машински факултет се и најбогатите меѓу останатите милионери.
Повеќе од петтина (22%) од најбогатите луѓе на светот го завршиле овој факултет, а меѓу луѓето со ваква диплома има два пати повеќе милијардери отколку меѓу економистите, кои се втори на списокот.
Дванаесет отсто од милионерите завршиле студии по економија, додека 9 отсто од богатите луѓе завршиле некој уметнички факултет.
Само 4 проценти од луѓето кои се наоѓаат на листата на 100 најбогати студирале математика и природни науки.
Но, сепак истражувањето покажува дека факултетот не е пресуден за успех. Дури третина од најбогатите луѓе на светот воопшто немаат диплома.
Ново на Сител
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
-

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата
-

Пациенти со ретка болест останале без терапија - од здравство тврдат дека има лекови
-

Преглед на вестите од светот
