Со изложба на Емил Солески почнува „Прилепско културно лето“

Со изложба на скулптури на уметникот Емил Солески утревечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп официјално почнува „Прилепско културно лето“.
Директорот на центарот Тони Чатлески, како организатор на оваа традиционална манифестација, изјави дека до крајот на август љубителите на уметноста ќе проследат 30 музичко-сценски, ликовни и тетарски настани.
- Меѓу триесетината настани до крајот на август се и настапите на хорот „Злата Мегленска“ кој ќе има концерт на 1. јули, потоа е концертот на харфа на Мерсиха Шукри, традиционалната манифестација „Изворниот фолклор на Балканските народи“, а за првпат годинава ќе се одржи фестивал на Македонскиот иселенички фолклор и тоа во август. Потоа се концертите на групата „Баклава“, на „Арт Либиту трио“, пијано концертот на Бобан Мирковски кој живее и работи во Словенија, концертот на „Фан проект“, ќе има изложби, театарски претстави, а ќе се одржи и ликовната колонија „Дрен“ и тоа годинава во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а не како досега во манастирот „Свети Илија“, вели Чатлески.
Поголемиот број настани на манифестацијата „Прилепско културно лето“ ги финансира Министерството за култура, а дел се во продукција на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
