Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
Промовирана платформата изборен навигатор
Преку специјално креирана дигитална платформа може да проверат која политичка партија и програма е најблиску до нивните убедувања и вредности. Се работи за веб страна преку која испитаниците доброволно и анонимно одговараат на 30 прашања, 15 поврзани со прламентарните и 15 поврзани со претседателските избори. Врз база на одговорите, апликацијата прави пресметка и на тој начин го класифицира секој поединец и неговите полтички позиции и убедувања.Платформата е насловена Изборен навигатор, а ја промовираше центарот за истражување и анализи Новус од Струмица. Проектот има за цел да ја засили демократијата во земјата со фокус на политичкото образование и обука, регистрација на гласачите и образование за гласачките права на сите граѓани.
Можноста што ја нуди платформата веќе ја искористиле близу 9000 граѓани. Најголем интерес за проверка на нивните политички ставови, со ставовите и програмите на политичките партии покажале граѓаните од скопскиот регион, каде само до првиот круг од претседателските избори прашалникот го одговориле над 3000 испитаници,
Проектот Изборен навигатор има две фази, пред и после избори. Првата фаза која веќе тече е промоција на платформата, а втората после изборите предвидува програми за вклучување на младите, вклучително и подмладокот на политичките партии, преку развој на лидерство, форуми и можности за вмрежување. Целта е да се подобри нивната активна вклученост во одлучувањето и напорите за застапување.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар