Македонија
10. February 2022 - 15:36

Со „голф“ удрил во метален столб на Водњанска | ФОТО

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на улица „Водњанска“ во Скопје, во близина на влезот во скопските Клиники. 

Возило марка „голф“ удрило во метален столб по што е оштетен целиот преден дел на возилото.

Засега нема информации за настрадани лица. 

Се очекуваат официјални детали од МВР.