-->
-->
Со голф удри во бетонски ѕид, еден повреден во сообраќајка во тетовско
-->
Вчера околу 15,00 часот на локалниот пат с.Челопек-с.Милетино, пред куќата на В.М. се случила сообраќајна незгода во која Е.Ќ.(46) од с. Милетино-Тетово управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки удрил во бетонски ѕид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(74) од с.Милетино кој бил пренесен во КЦ-Тетово, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во УЦ-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите
-
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани
-
Орбан: Полјаците се до гуша во војна