Со донација од Австралиската амбасада, во Неготино ќе се одгледуваат цвеќиња
Конзулот од Австралиската амбасада во Белград Мелинда Рио и австралискиот почесен конзул во Македонија Зоран Костовски денеска го посетија Дневниот центар за поддршка на лицата со ментален хендикеп „Порака“ во Неготино. Овде со донација од Австралиската амбасада ќе се спроведува проект за одгледување и продажба на цвеќиња, во кој ќе бидат вклучени лица со посебни потреби.
- Проектот е од големо значење бидејќи ние како невладина организација имаме соработка со Министерството за труд и социјална политика и на тој начин ни се покриени основните трошоци. Меѓутоа сите други трошоци за осмислување на животот на лицата со посебни потреби на кои им пружаме поддршка, се покриваат со проекти на нашата организација, изјави Гордана Трајковска, претседател на „Порака“.
Задоволство од соработката и можноста да се поддржи еден ваков проект изрази и конзулот Рио.
- Овој проект не само што им помага на луѓето со попреченост во нивниот развој, туку ги вклучува и другите во заедницата, се со единствена цел да се избегнат стигмите во општеството, нагласи Мелинда Рио.
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот