Со 2 клика спречете го Фејсбук да ги следи вашите телефонски повици и да ги чита вашите СМС пораки
Изгледа дека ништо не може да му се провлече на окото на Марк Закербер, а тоа всушност и го дознаа илјадници корисници кои одлучија да ги избришат своите Фејсбук профили и открија дека социјалната мрежа ги следи нивните повици но и СМС пораки.
Набргу по овие информаци, се огласи и Фејсбук со изјава во која пишува дека станува збор за опција која корисниците во секој момент можат да ја исклучат.
Нормално, изостануваат деталните објаснувања како тоа може да го направите, па во следните чекори ние ќе ви покажеме како да го спречите Фејсбук да ги следи вашите повици и СМС пораки.
1. Отворете ја Messenger апликацијата на вашиот телефон и кликнете на вашата профилна фотографија,
2. Одберете ја опцијата People, потоа Sync Contacts и исклучете ја таа опција.
На оваа страница исто така можете да погледнете кои се броеви од вашиот именик ги има Фејсбук и да ги избришете сите, или оние само кои ќе ги одберете.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима