Со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, приведен 24-годишен кавадарчанец

Приведен бил 24-годишен кавадарчанец, кој со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, соопштија утрово од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Денеска во 00:20 часот на улица „Ѓорѓи Соколов“ во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Д.А.. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ фолксваген транспортер“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.59 промили алкохол во крвта, информираа од СВР - Велес.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот, како што појаснија, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
