СНС однесе голема победа на изборите за Белград

Според прелиминарните резултати на невладините организации ЦЕСИД, ЦРТА и ИПСОС кои ги следеа изборите за Собранието на градот Белград, врз основа на 99 отсто пребројани гласови за 24 изборни листи, изборната листа на Српската напредна странка (СНС) -„Александар Вучиќ-затоа што го сакаме Белград“, освои 44,9 отсто гласови или 63 одборници во градското собрание на Белград кое брои 110 одборници.
И самиот лидер на СНС Александар Вучиќ на прес конференција синоќа прогласи победа на изборите за главниот град на Србија или како што кажа „ова е најдобриот резултат досега што некој го има освоено“.
Според тие резултати СНС која на изборите настапи во коалиција со Социјалдемократската партија(СДП) на Расим Љаиќ, ПУПС на Милан Кркобабиќ и други помали партии, освои апсолутно мнозинство во градското собрание на Белград и можност сами да го изберат новиот градоначалник на Белград или според Вучиќ-„новиот градоначалник ќе се знае за 50 дена“.
Втори според овие прелиминарни резултати се гласовите за Драган Ѓилас и изборната листа подражана од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ, Народодната странка (НС) на Вук Јеремиќ и Левицата на Србија на Борко Стефановиќ со освоени 18,8 отсто гласови или 26 мандати.
Претседателот на општината Нови Белград-Александар Шапиќ, кој настапи самостојно, освои 9,3 отсто или 13 одборници, а Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) освои 6,1 или 8 мандати.
Сите останати изборни листи и партии, меѓу кои и Драган Шутановац од Демократската странка (ДС доживеа дебакл со освоени 2,2 отсто) -не успеаа да го поминат изборниот цензус од пет отсто со што немаат да имаат свои одборници во Собранието на градот Белград.
Така коалицијата на Движењето Доста Беше (ДЈБ) и Двери имаат освоено 3,8 отсто, Движењето „Да не го давиме Белград-3,5, Радикалите на Шешељ- 2,4 и Љубиша Прелетачевиќ Бели- 2,3 отсто освоени гласови.
Според ЦЕСИД и ИПСОС излезеноста на градските избори изнесува 51,1 отсто.
Опозицијата и невладината ЦРТА по затварањето на гласањето обвинија за бројни неправилности или според ЦРТА шест отсто од гласачките места, а според ДС 30 отсто што според нив може да има влијание на конечниот исход од гласањето. И второпласираниот според бројот на гласови Драган Ѓилас по изборите изјави дека „тие се одржани во длабока недемократска и нерегуларна атмосфера, со повеќе неправилности“.
СНС на Александар Вучиќ победи и на локалните избори во Аранѓеловац, Бор и во Севојно.
Градската изборна комисија има законски рок да ги објави конечните резултати од градските избори во Белград во рок од 24 часа од затварањето на гласачките места-или утре до 20.00 часот. Започнат е и рокот за приговори и жалби на изборниот процес.
Ново на Сител
-

Опожарен камион на „Чистота и Зеленило“ на депонијата Краста во Куманово
-

Приведени двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти
-

Обвинение против 23-годишник од Волково, силувал петгодишно девојче
-

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто
-

Намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми
-

Влада: По 15.300 денари за електронски уреди - студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено
-

Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени
-

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа
