Снимка која го шокираше светот: Мајмун зависник од бензин краде гориво од мотори и го пие, банани ич не помирисува

Група мотоциклисти од Тајланд, кои работат како трговци во градот Панипат во Индија, пријавиле исчезнување на поголемо количество гориво од нивните мотоцикли. Она што се утврдило по завршувањето на истрагата е дека горивото од мотоциклите го крадел мајмун кој била зависник од бензин.
Мотоциклистите откако откриле дека им се празнат резервоарите на моторите, направиле заседа мислејќи дека луѓе им го крадат горивото. Она што го снимиле со камера, ги шокирало. Мајман сам ги мрдал цевчињата со гориво и пиел бензин. Мотоциклистите тврдат дека мајмунот мирно седел покрај мотоциклот и пиел бензин од него.
-Очигледно е зависник од бензин, изјави Гаурав Лекхна кој инаку работи како водител на организацијата за заштита на животните во градот.
-Мајмунот одбил да јаде банани и друго овошје што му нуделе, додаде Лекхна и напомена дека мајмунот не е закана за луѓето. Трговците велат дека мајмунот престанал да пие бензин од нивните мотоцикли откако неколку пати го бркале по паркингот.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
