-->
-->
Снежната покривка во струшко 20 сантиметри, сообраќајот без проблеми
-->

Снежната покривка во Струшко е околу 20 сантиметри, улиците се чисти, а сообраќајот се одвива нормално, информира претседателот на општинскиот штаб за кризи Абдула Ќазимоски.
Според него, општина Струга е подготвена да се справи и со поголеми врнежи од снег.
- Општината ги зголеми средствата за чистење на патиштата. Обезбедени се седум милиони денари, а доколку има потреба буџетот ќе биде зголемен, за разлика од минатата година кога имавме само четири милиони. Имаме добра соработка и со сите јавни претпријатија во општината, изјави Ќазимоски.
Претседателот на општинскиот кризен штаб информира дека се одвоени и средства за чистење на селските канали, кои се потенцијална причина за поплави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
