Снегот предизвика тотална катаклизма во Европа: Во Германија има загинати, дури ни во Русија не паметат вакво невреме
Веднаш по доаѓањето на декември снегот ги забели речиси сите европски држави. Така снегот направи колапс во Москва но и во Германија.
Вкупно 118 летови откажани се на Меѓународниот аеродром Москва - Шереметјево, додека поради снег се одложени 48 летови, како локални така и меѓународни, соопштено е од управата на аеродромот во главниот град на Русија.
Летови меѓу другите откажале и авиокомпаниите "КЛМ" од Холандија, "Алиталија" од Италија, францускиот авиопревозник "Ер Франс", како и американската "Делта".
Од рускиот аеродром претходно предупредиле на можни краткорочни одложувања на летови, поради временските услови, како и дека поедини дневни летови се откажани.
Од канцеларијата на руското Министерство за вонредни состојби соопштено е дека во Москва и околните места се очекува силен ветер и снег, предупредиле на лоша видливост, сообраќаен метеж, зголемен број сообраќајни несреќи како и оштетувања на мрежата за пренос на електрична енергија.
Снегот во Германија предизвикал два смртни случаи, неколку несреќи и десетина откажани летови.
Германската агенција ДПА јавила дека 86-годишна жена починала кога нејзиниот автомобил пролизгавајќи удрил во друго возило во спротивната сообраќајна лента.
Полицијата соопштила дека 83-годишен маж кој пател од деменција починал од смрзнување во местото Коеледа на истокот во Германија. Полицијата го пронашла неговото тело во снегот покрај пат недалеку од старечкиот дом во кој живеел.
Во Франкфурт поради лошите временски услови откажани се повеќе од 80 летови.
Погледнете ги снимките:
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ