Свет
11. December 2017 - 9:48

Снегот ја окова Европа: Откажани летови, прекин во железничкиот сообраќај, ветрот остави без струја илјадници домови

Густ снег, силен ветер, поледица и дожд - лошото време ја погоди и Франција, Германија и Велика Британија, предизвикувајќи застој во воздушниот и железничкиот сообраќак како и во дистрибуцијата на струја.

Во Франција, 32 департмани се ставени во портокалов степен на приправност, посебно на север каде поради силниот ветер 20.000 домаќинства останаа без струја.

На Корзика е издадено предупредување за можни поплави откако силните дождови доведоа до затворање на два аеродроми.

Голем дел од Германија се разбуди под снег и температури под нилата, што во Франкфурт доведе до откажување на околу 330 летови, а стотици доцнеа.

Аеродромот во Дизелдорф мораше да биде затворен неколку часови во текот на попладнето.

Погледај слику на ТвитеруПогледај слику на ТвитеруПогледај слику на ТвитеруПогледај слику на Твитеру

Проблемите имаше и во железничкиот сообраќај. Слична е состојбата и во Велика Британија која толку силни врнежи немала од март2013 година.

Откажани се летовите во Бирминген, а слично беше и на аеродромот во Лутон, на северот од Лондон. Железничкиот сообраќај е нарушен во поголем дел од Англија и Велс.