Снегот и ниските температури нема да им наштетат на земјоделските култури
Врнежите од снег и падот на температурите што ја зафати Македонија нема да предизивкаат позначителни оштетувања кај земјоделските култури, вели Анѓелко Анѓелески, агрометеоролог од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
- Оптимист сум бидејќи температурите не се катастрофални, а добра околност е што не се очекува и нагло разведрување и затоплување. Во земјоделските региони температурите се околу нулата или се позитивни така што нема да предизвикаат посериозни последици. Снегот се задржува на овошките и единствено може да предизвика кршење на гранките, изјави Анѓелески за МИА.
Тој препорачува да се истресе снегот од гранките на овошките.
- Најизложени на промените на времето се овошките, бидејќи се расцветани, но под снегот кој се задржува на гранките цветот е заштитен и е со позитивна температура. Единствено кај раните сорти на сливи, праски и кајсии може да дојде до проретчување на родот, но не и до целосно уништување, потенцира Анѓелески.
Во почвата, посочува, од досегашните врнежи има многу вода, особено во некои делови од Пелагонија.
- Дополнително количество на вода во почвата ќе има во текот на наредната недела кога ќе почне да се топат снеговите, бидејќи од недела се очекува постепено затоплување, посочи Анѓелески.
Ново на Сител
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири