Снегот го одложи откупот на тутунот во Струмичко
Поради снегот, производителите од Струмичко не го носат тутунот на продажба иако вратите на откупните центри се отворени.
Како што велат од здруженијата на тутунопроизводители, предавањето на родот ќе продолжи веднаш штом се подобрат временските услови.
- Пунктовите се отворени и работат со регуларно работно време. Така ќе биде до 15 март, иако се очекува годинава откупот да заврши порано. Досега во Струмичко се откупени околу 85 отсто од произведениот тутун, а преостанатите 15 проценти поради отежнатите временски услови производителите не ги носат на откуп, изјави претседателот на здружението „Басмак“ Марјан Трајков.
Досега на ниво на Македонија се откупени околу 15 милиони килограми тутун, а во Струмичко 1.000.000 килограми. Просечната цена е 192 денара за килограм.
Според Инспекторатот за земјоделство, тутунарите кои имаа договори со „Струмица табак“, компанија која годинава не почна откуп, веќе ги предаваат количините на други откупни пунтови.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја
-
Од домашно производство е 91.5 % од потрошената струја во април
-
Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО
-
До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час
-
Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места
-
Пронајдени 10 артилериски гранати во старата касарна во Битола
-
Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија
-
Се урна рингишпил во Добој, четири деца повредени