Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта

Поголемиот дел од Белгија утрово осамна под снежна покривка од неколку сантиметри, што предизвика застои во сообраќајот на белгиските патишта и колони возила чија вкупна должина околу 8 часот достигна над 500 километри.
Белгискиот Кралски метеоролошки институт утрово издаде „жолто“ метео аларм за можност од нови снежни врнежи, пред се во западните и во централните делови на Белгија, кои „локално и привремено“ би можеле да доведат до создавање снежна покривка од еден до пет сантиметри.
За денеска во Белгија се предвидени максимални температури од -1 до 5 степени Целзиусови. Комуналните служби во Брисел од рано изутринава се ангажирани за расчистување на улиците, при што според јавното претпријатие „Брисел Мобилити“ за околу 3,5 часа биле фрлени 85 тони сол. Паралелно, се работи и на чистење и на велосипедските патеки, со цел да се охрабрат граѓаните да продолжат да возат велосипеди и во текот на зима.
Сепак, веќе за од попладне се предвидува да настапи разведрување, прво од северните делови на Белгија, кое потоа ќе се шири и низ другите региони од земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен 44-годишен маж од Скопје, пронајдена дрога
-

Трајков: Иднината треба да ја градиме заедно со младите
-

Мицкоски по повод Денот на албанската азбука: Успехот е наш заеднички проект, секој граѓанин има еднакво место, вредност и можност
-

Прва еко трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена во Скопје
-

АХВ со препораки за безбедност на храната, водата за пиење и за заштита на животните во регионите каде има поплавување
-

Италија прв финалист во Дејвис купот
-

Трамп разговараше со Мамдани за трошоците за живот во Њујорк, го оценија состанокот како продуктивен
-

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар
