Македонија
20. March 2021 - 18:31

Снег со слаб интензитет врне на повеќе патни правци, не се задржува на коловозот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Берово, Делчево, К.Паланка, Битола, П.Шапка, Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато кој во моментов не се здржува на коловоз, соопшти АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.