Џет-Сет
5. јуни 2018 - 13:49

Смртта на Синан ги зближи - по девет години „војна“ повторно се смирија балканските музички ѕвезди

Како што е познато во јавноста познатите српски пејачи Драгана Мирковиќ и Миле Китиќ не зборуваа со години, а погребот на нивниот колега повторно ги зближи.
 
Пејачката Драгана на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се најде и Миле Китиќ.
 
- Последен поздрав за нашиот драг Синан, напиша пејачката.
Иако поводот беше тажен, двете музички ѕвезди успеаја да се смират после девет години „војна“.