Балкан
15. November 2017 - 10:20

Смртта ги раздвои: Момче и девојка (20) се забавуваа 4 години, заедно загинаа, ги погребуваат одвоено

Се уште не е утврдено зошто голфот заврши во реката Спреча во местото Казан Вир, кога загинаа Халил Захировиќ (20) и Асмира Самјиќ (20).

Несреќата се случила во саботата околу 22 часот на локалниот пат Калесија - Гојчин. Возилото слетало во Спреча.недалеку од местото каде оваа река се влеца во притоката Мандура.

Двајцата млади, кои биле во врска загинале на местото и нивните тела се извлечени од водата ден подоцна, заедно со автомобилот.

-Халил и Асмира биле заедно четири години. Се запознале уште во училиштето во Калесија, вели пријателот на Халил, Елвир Хамзиќ, во чија автопералница работело настраданото момче.

Семејството на загинатите, одлучиле трагично настраданите да ги погребаат одвоено.

Халил Захировиќ ќе биде погребан во вторник на гробиштата во родноот место, а неговата девојка ден подоцна.

Во кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон потврдено е дека се уште се чекаат наодите од обдукцијата, како и наодот на вештаците од сообраќајната струка, за да се разјаснат причините за оваа трагедија.