Смртна казна за убиецот на деца: Погубен Кинезот кој уби 9 ученици, а рани 11
Кина денеска го погуби Џао Џевеј, 28-годишникот кој во април уби 9 ученици и рани уште 11 во напад со нож во средно училиште во централната кинеска провинција Шанси, наведе на својот сајт кинескиот суд.
Целиот процес беше брз: Џао е уапсен веднаш по нападот, на смрт е осуден во јули, а погубен денеска на 27. септември.
Погубен е во округот Миџи во провинцијата Шанси штом стигна одобрување од кинескиот врховен суд, соопшти од судот.
Џао реше дека понел ножеви во своето поранешно училиште да ја исфрли фрустрацијата и бесот поради лошата среќа во животот и малтретирањето на кое бил изложен додека одел на училиште, наведено е во соопштението.
Бидејќи мотивите за одземање на животот на другите биле „вредни за презир“ и „посебно сурови“, врховниот суд се одлучи за смртна казна.
Кина не објавува официјални информации за пројот на погубените лица годишно, но групите за заштита на човековите права проценуваат дека тој број е еднаков на збирот на смртни казни од сите други земји, тврди Ројтерс.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце