СМРТ ВО ЖИВО: Дозволил да го касне црна мамба па се снимал како умира!
Арслан Валејев, познат видео-блогер и експерт за змии од Санкт Петербург, извршил едно од најбизарните самоубиства: дозволил неговиот домашен миленик, отровна змија црна мамба да го касне, и сето тоа го пренесувал во живо на интернет.
Причината за самоубиството бил развод, пренесува Daily Mail. Во крајно вознемирувачката видео снимка, Арслан кратко по касањето почнал да губи концентрација и моќ во говорот, а екстремитетите му отекле. Додека уште можел да зборува, ги замолил гледачите да и се јават на неговата сопруга.
"Здраво...Па, пријатели...Време е да го направам тоа што морам. Ќе го направам тоа во живо", вели Арслан на почетокот на снимката, а потоа на кратко излегува од кадарот. Тогаш се слуша офкање, а се претпоставува дека тоа бил моментот на каснувањето на змијата.
Потоа се вратил пред своите гледачи.
"Ако умрам, нека биде така. До тогаш ќе останам уште малку со вас. За секој случај, на мојот мобилен телефон е меморирана порака за Катја...Кажете и дека многу ја сакав", рекол Арслан, а потоа ја погледнал раната од змијата и додал:
"Прекрасно, зарем не? Не можам да верувам дека ова ми се случува. Збогум на сите", рекол, тој, а потоа на глас го прочитал телефонскиот број на својата поранешна сопруга:
"Ова е бројот на Катја. Ако некој успее да ја контактира, би ми било многу мило. Збогу...Проклетство, се тресам", рекол Арслан за крај.
Иако во моментот на каснувањето змијата не се гледа, Валејев, инаку поранешен чувар во зоолошка, им ги покажал на гледачите трагите од раните. На крајот од снимката се гледа како Валејев тешко станува и оди кон тоалетот.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување