Смрт во кањон на Корзика: Петмина авантуристи не го послушаа водичот и тоа беше фатална грешка
Пет лица од Франција загинаа во несреќа што се случи во текот на кањонин на францускиот остров Корзика, откако бура создаде огромен бран кој го поклопи, соопштија официјалните власти.
Инцидентот се случил во средата, а меѓу настраданите е и седумгодишно девојче, пренесува АП.
Истражителот Ерик Булард рече дека водичот кој исто така настрадал, другите двајца водичи ги советувал да не поминуваат низ кањонот, зошто се наближувала бура.
Како што се наведува, оваа несреќа е една од најлошите која се случила во текот на кањонинг во Франција во последните неколку години.
Групата се движела низ кањонот Зоику кој се наоѓа во близина на градот Сочиа, кога почнала бурата.
Во тој момент пет групи истовремено тргнале низ кањонот, а групата која ја погодил бран се состоела од 13 лица, од кои многу се вратиле на почетната точка кога виделе дека времето се влошува.
Меѓу нив бла и мајката на настраданото девојче кое со таткото го продолжила движењето низ кањонот.
Истражител рече дека од седум лица, кои го продолжиле патот, две се спасиле, како и тоа дека е покрената истрага за инцидентот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости