СМО: Стакленичките гасови лани се искачија на рекордно ниво

Количеството јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата, лани се искачи на рекордна стапка, на ниво кои не е забележано со милиони години, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).
Атмосферските концентрации на CO2 се зголемија на 403,3 честички на милион (ppm) минатата година, од 400 ppm во 2016 година.
Тоа ниво последен пат беше регистрирано пред 3-5 милиони години, кога температурите на Земјата беа до 3 степени повисоки и нивото на морето било до 20 метри повисоко од денес, соопшти СМО во Женева.
- Концентрациите на јаглерод диоксид во атмосферата се зголемија со рекордна брзина во 2016 година", се вели во извештајот.
- Без брзи намалувања на емисиите на CO2 и други емисии на стакленички гасови, до крајот на овој век ќе почне да се зголемува опасната температура, многу над целта поставена со Парискиот договор за климатски промени, рече генералниот секретар на СМО, Петери Талас.
Освен човечкиот фактор, најголема причина за зголемувањето е и феноменот Ел Нињо, кој предизвика суши и ја намали способноста на растенијата да апсорбираат јаглерод диоксид.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
